Националната омраза - станаа секојдневие на социјалните мрежи

„Цигани„, „Ѓупци„, и други изрази кон Ромите станаа како едно нормално секојдневие најчето на социјалните медиуми.
Човек да почне да ги чита коментарите и нивните заклучоци ви врска со Ромите, ќе разбере дека Ромите се всушност монструми.
Например од негрижа и нехуман пристап на да речеме педесетина несовесни и доволно несоцијализирана група Роми во државата , веднаш се започува со „рафали„ и генерализирање од типот: „Цигани„, „Ѓупци„, „Чергари„... И веднаш придружен сличен арсенал придавки, додавки, подржување, навреди кон цела една нација, како и дополнителни додавки во стилот: Крадаци, џаболебари, наркомани, валкани, лажговци и сл, за да ги опишат Ромите уште поилустрирано.
Па добро бре луѓе кај живеете вие? Според вас „недоделканите„ кој коментираат, дали е потенцијална опасност за вас, доколку некое „Циганче„ седне на иста клупа во школо со вашето дете, постои опасност дека ќе му го украде моливот или тетратката па и ужинката?
Дали случајно ако во ваша заедничка работна канцеларија работата ја делите со колега„Циган„ има потенцијална опасност дека може да ви го снема мобилниот, новчаникот, вашиот лап топ?
Дали со вашиот познаник - пријател „Циган„ ви е срам и поддостоинство да излезете на кафе муабет?
Дали ако по некоја случајност во вашиот дом некоја „Циганка„е ангажирана за одржување на хигиената, домаќинството или да ви ги чува децата, постои опасност дека ќе ви ги испокраде сите работи по дома, ќе ви го извалка домот, или пак ќе ви го украде детето?

Уште едно најлогично прашање: Од каде тој екслузивитет во туѓо име кого не го познавате добро да му пишувате во негово име негово CV ?

Ееее мои „добри луѓе„ со „меки срца„, тоа што го пишувате и опишувате генерално други го покажуава вашиот анрцисиоден прост ментален склоп, а не според вас „генетиката„ на сите Роми.

И на крај зборот „Циган„ не е никакво име за некој народ -нација, туку карактерна особина со која можеби вие самите се опишувате!

Во асоцијативна смисла, пишаните документи како го добиле името датират од 11 век, и „Циган„ потекнува од грчкиот збор Антхиганос τσιγγάνοι или ἀτσίγγανοι кој во тогашниот превод значи недопирлив, а денес тој превод се етикетира како ,валкан, крадец, изманик, неук, лош....
Како го добиле овој назив ромските групи по нивната емиграција од Индија?
Во горе споменатиот регион пред доаѓањето на овие ромски групи постојала една група „секташи„ кои се занимавале со магија, тие беа отфрлени од населението како Антихристи, и наречени „Антхигани„.
Со доаѓањето на етничката група Роми, поради нивната сличност со сектата која ичезна пред нивното доаѓање , домицилното население го заменија со предходната секта нарекувајки го со исто име Антхиганос.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 275 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот