Локалната власт на чешкиот град Всетин одби вонсдуска спогодба со поранешните ромски станари на зградата која се наоѓаше во центарот на градот, и сака предметот да биде одлучен од страна на судот. Инаку локалната власт во Всетин ги исели ромските станари од зградата во 2006 година.
Судовите се занимаваат со случајот од 2008 година. Неодамна се отфрли вонсудско решение од страна на локалниот совет.
Во 2006 година градското собрание купи стари куќи во областа Јесеники и ги принудуваше некои од иселените ромски семејства да преземат 20-годишни заеми од градот за да ги ги купат. Уште 40 ромски семејства беа преселени на периферијата и сместени во станбени единици изработени во форма на контејнери.
Иселените семејства кои беа преселени во областите Јесеники и Проштејов беа принудени да купуваат полу-урнати куќи во оддалечените села. Три семејства беа преместени во такви стари куќи во селата Стара Червена Вода, Виднава и Влчице.