За жал повторно на чешкиот интернет се појавиа лажни кампањи, и како пример е една сега достапна каде се тврди дека градот Јаблонец над Нисоу во соработка со Јавните транспортни компании во градот наводно вовел нов вид на билет за јавен превоз само за патници Роми од областа Зелено Уддоли.
И покрај тоа што оваа измама е многу стара, повторно се појави на социјалните медиуми и предизвика негативни реакции.
Еден социјален работник од Јаблонец над Нисоу предложил да се обезбеди превоз во училиште во текот на зимските месеци за децата од социјален ризик од квартот Зелени Удоли, кој е 1,5 километри одалечен од центарот на градот и претежно е населен со Роми.
Инаку децата од тој кварт одат на училиште по тој локален пат кој нема ниту тротоар и е речиси непрооден во зимскиот период. Единствена можност за нивно безбедно патување е организиран превоз.
Инаку оваа идеа е промовирана уште од 2011 година како пилот проект. Цената со три месечен период наместо 44 евра, родителите плаќаа по 10 евра.