Новинскиот сервер Deník.cz објави редовен летен феномен во Чешка, кога сонцето почнува да се пече и луѓето се упатуваат кон базените - гласините се шират по електронска пошта и социјалните медиуми дека Ромите имаат слободен пристап до тие објекти.
Извештајот дава пример за еден пост: "Социјалните канцеларии даваат финансиски надоместок за социјално загрозената категорија на луѓе дека можат да користат такси превоз, пазарење во супермаркет и бесплатен влез во базентите . Според нив и ова лето Ромите ќе уживаат.
Вакви слични измами се шират уште од 2010 година, кога жителите на Хавиров ги ширеа апсурдно лажни гласини дека Ромите добиваат слободен влез во базенот.
Оваа година ваквите дезинформации повторно се шират во северна Бохемија. Мартин Мата, директор на одделот за општински услуги во Усти над Лабем, изјави: "Слободниот влез за ромскиот народ во нашиот базен е бесмислица, и чиста невистина".
"Луѓето ги ширеа овие невистини за да предизвикаат негативни емоции", рече Мата.