„Хрватите не не сакаат како соседи, не ни даваат работа„,се жалат Ромите од 12 ромски населби.
Потребно е санација на местата каде живееме, да се направат детски игралишта, да се изградат културни домови, градинки... вели Адам Оршош (48) кој деновиве му заврши четригодишниот мандат како претседател на месниот одбор во селото Пишкоровец во Меѓумурије. Го сумира сработеното , не се срами од резултатите, и констатира дека можеше многу повеќе да се направи.
Како некоја сатисфакција му беше дека беше Претседател на населба која ја бие „лош глас„ во Хрватска каде често имаше интервенција од страна на полицијата и која многу ретко влегуваше ако не беа под комплетна воена опрема.
– Тоа се двајца или тројца кои ги прават проблемите, но сепак поради тоа сите ние Ромите сме виновни. Јас тие момчиња кои се деликвенти ги познавам и по име и презиме . Секогаш се тие истите. Тоа го знае и полицијата И тоа се малолетни деликвенти на возраст од 14 до 17 години.
Секојдневно се разговара со нив! Им напоменав дека потребно е да се казнат родителите. Кога би се казниле родителите тој родител не би го пуштил тоа дете да прави криминални работи.
Секој родител би требало да знае каде му се децата во секое време. Но криминалот е насекаде околу нас , па така и меѓу мнозинското население- вели Адем за селото каде живета околу 300 Роми.