Еден 27 годишен жител на Подравска Сесвете минатиот четврток околу 20.40 часот подметнат пожар во еден имот каде во моментот никој не живее на улицата Браќа Радиќ.
Сомнежот е дека пожарот бил намерно подметнат а од причина што тој имот претходно го купил едно ромско семесјтво од Ѓурѓевац.
Со брза интервенција на противпожарната служба огнот беше локализиран.
Материјалната штета е околу 800 евра, а сторителот е приведен.
Семејството на сторителот не сакаѓе да коментира за овој настан , но соседите потврдија дека можен мотив за овој инцидент е поради „доселување на Ромите„
– Тој имот сега брзо е продаден а го купија Роми, Некому очигледно тоа им засметало и главен во таа побуна беше овој 27 годишен жител затоа што и јавно се заканил дека ќе ја запали куќата.
Сопствениците на имотот беа шокирани од постапката и веќе размислуваат да од претходните сопственици од кого го купија имотот да побараат враќање на парите и да се откаже купувањето на овој имот.
– Ако тоа нему му пречи дека сме Роми , можеше веднаш да ни каже кога дојдовме да го разгледаме имото, и ние немаше да го купиме. Сега сме во страв дека тоа може да го повтори , а имам четри деца и немаме никаква сигурност.
Затоа од претходните сопственици побаравме повторна средба за да ги разгледаме сите можности и да видиме дали има смисла ние да останеме и понатаму во тоа место - рекоа Ромите кои го купија тој имот.
Link: https://podravski.hr/ne-zeli-ih-za-susjede-benzinom-zapalio-imanje-koje-su-nedavno-kupili-romi/