За време на конференцијата на тема „Неказнивоста за напад врз Ромите од Украина„ кога дискутираше Ликачев, координатор од ромскиот Фонд „Чирикља„ одеднаш во салата беа присутни и неколку млади лица, кој со своја врева не дозволија присутните гости да го слушнат излагањето.
Тие се преставија како членови на организацијата "Непознат патриот". Тие за сето време ја попречуваа дискусијата во врска со немилите настани од јуни 2018 кога во Лвов дојде до напад врз Ромите каде живото го загуби 23 годишниот Дејвид а четворица други Роми беа повредени од страна на ултранационалисти од Украина.
Во истовреме во салата започна вербално и физички да предизвика инцидент преставник од организацијата на ветерани „Азов„ кој насилно влезе и со ранец на грбот и секира во раката им се закануваше на присутните. За кратко време беше спречен од обезбедувањето и беше совладан.
Во ранецот беа пронајдени уште еден нож и две шишиња со виски.