Стотици Роми со транспаренти, мегафони, свирки се собраа пред зградата на општината во Бургас и побараа оставка од нејзиното раководство. Ромите се жители на населбата Победа.
Тие сакаат итно повторно вклучување на водоснабдувањето, кое локалната компанија за водоснабдување ги исклучи поради долгови за повеќе од 100 000 лева.
Ромите велат дека без вода не ќе можат да ги испраќаат децата на училиште и има опасност од заразни болести.
Инаку протестот во Бургас беше следен и од полицијата поради можност од ескалација.
Градоначалникот Димитар Николов рече дека нема намера да даде оставка. Тој им објасни на демонстрантите дека компанијата за водоснабдување и канализација е компанија во државна сопственост и нема ингеренции да се меша во нивната политика на работење.
„Доколку некои имаат големи долгови тоа можат да го изрегулираат со плаќање на рати„