Најбогатото германско семејство ги подржувало нацистите

Семејството Рајман, едно од најбогатите германски деловни семејства, за време на владеењето на националсоцијализмот сесрдно ги поддржувало нацистите и користело присилна работа сила, објави „Билд ам зонтаг“.

По објавувањето на овие информации, наследниците изјавиле дека се засрамени и најавиле дека ќе подарат 10 милиона евра во добротворни цели.

Имено, „Билд ам зонтаг“ објави дека документите до кои дошол откриваат дека таткото и синот - Алберт Рајман Постариот и Алберт Рајнер Помладиот користеле руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници.

Портпаролот на семејството, Петер Харф, кој е и на чело на холдинг-компанијата Рајман ЈАБ, потврди дека наводите на „Билд“ се точни.

Тој рече дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но оти доказите покажуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954, односно 1984 година, заслужиле затвор.

Богатството на  семејството во чија сопственост се некои од најпознатите светски брендови, како што се „Јакобс“, „Калгон“, „Велла“ и други, се проценува на 33 милијарди евра. 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 349 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот