Се поизвесно е дека 12 април оваа година државава ќе биде поле на кој повторно ќе ги мерат силите политичките фактори во земјата. Инаку ако се е во ред за неколку дена (11 февруари) треба да се распушти парламентот или 60 дена од одржувањето на парламентарните избори.
И големите и малите партии секој со своја сметка, математика и визија ќе имаат можност, да се презентираат како „битен политички фактор„, за да се добие што поголем колач од идната власт.
Што би рекол Гоце Делчев дека, тој го разбира светот како поле за културен натпревар на народите, во дадениов случај конотацијата е слична „Јас го разбирам светот како поле за властодржачки натпревар на народите!„
Е сега каде е тука ромскиот блок? Од сите страни започнаа сите пресметки, тактики и позиции. И тие кои се со СДСМ и тие кои се со опцијатана ВМРО-ДПМНЕ, но исто така и тие кои сакаат самостојно.
Сите се оптимисти до крај.
Едно е забележливо. СДСМ кој во своите редови има Роми членови евидентно е дека на листата за пратеници се наметнуваат неколку имиња, а пред се на површина излегуваат Асан Ферат претседател на ОО Шуто Оризари, потоа сегашниот преседавач во општината Фата Османовска и името на Љатифа Шиковска од НВО секторот.
Исто така отворено е местото и за ромски пратеници од ромскиот политички блок како што се од СРМ – Амди Бајрам и ПЦЕР Самка Ибраимовски.
Од ВМРО – ДПМНЕ очигледно е дека ромскиот политички блок нема аспирации за влез во Парламентот, но затоа доколку победат апетитите се насочен кон директорските позиции. Таков е случајот и со членот на ВМРО –ДПМНЕ од Шуто Оризари Ерџан Демир, потоа од ДСР Шабан Салиу, од РОМ Ерџан Селим и др.
Интересно е дека има и такви кои ќе тргнат независно како ромски политички субјект, но потоа доколку се освои некој мандат ќе се пазарат со тие кој ќе ја добијат власта. Имиња кој се лиферуваат се Аксел Амедовски поранешниот министер без ресор кој сега има своја политичка партија, исто така Геге Демировски и неговата група подржувачи, исигурно е дека тука ќе има исто математички формулации за да влезат уште некои имиња кој засега се во фаза на преговори, а се од невладиниот сектор. Сигурно со „скрстени раце„ нема да седи ни ромската дијаспора, каде едно од тие имиња е и Демо Исмаил од Белгија
Се на се не очекува интересна изборна жешка пролет кој има место за уште „префрлувања„ од еден табор во друг. Што ќе донесе периодот кој следува ќе покаже времето. Колку ли ќе успеат Ромите во овој изборен лавиринт, ќе видиме!