Новиот шеф на државата Стево Пендаровски официјално го започна својот пет годишен мандат од 12 мај годинава. Веќе и јавноста е информирана кој се ќе го сочинува неговиот тим во Кабинетот. Евидентно е дека во тој Кабинет не фигурира никаде ниту еден Ром во својство на советник или пак слично?
Веќе започнаа и реакциите меѓу ромската заедница во врска со новиот состав на Кабинетот на Пендаровски во врска со ненаименување на Ром во неговиот тим.
Што значи ова? Дали Пендаровски и СДСМ не беа задоволни од ангажманот на ромската заедница за време на претседателските избори, дали оценија дека меѓу Ромите нема доволно квалификуван ромски кадар за функцијата - Советник!
Или пак Пендаровски заборави на дадените ветувања за време на претседателската кампања дека ова е „едно општество„ и дека сите се еднакви, и дека ќе ангажира дефинитивно и советник во својот тим од Ромската заедница.
Колку што не држи паметењето тоа јавно го вети на многу митинзи кои се одржуваа пред ромската заедница, како и на организираната трибина -дебата од Ромскиот НВО сектор непосредно пред вториот изборен круг во Шуто Оризари.
Кој ќе биде изговорот на Шефот на државата во врска со ова прашање? Потребен е искрено одговор од негова страна без „ парафински ракавици„ отворено и во очи.
Подобро е така отколку извртување, целофанирање или слично, за да знаат и самите Роми и нивните предводници, дали некаде згрешиле, или пак самиот Пендаровски отворено го прекршил даденото ветување!
Тоа би било најфер, за да знае Ромската заедница всушност - на што е?
РДС анализата продолжува...
Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс