НВО Сектор

Состанок на Сојузот на здруженија за интеграција на Ромите и презентација на Протоколот за соработка за поддршка на ЕУ интеграции .

Во рамки на активности на Ромскиот НВО сектор и обиди на вмрежување и формирање на идејата за Сојуз на интеграција на Ромите во ЕУ, денеска се одржа Видео ЗООМ состанок помеѓу повеќе преставници од ромскиот НВО сектор. На тој видео состанок земаа учество: Себихан Демировски, Надир Реџепи,Зоран Димов, Надире Селмани, Самет Скендери, Кјмет Амет, Ахмет Јашаровски, Дилбера Камберовска, Ферди Исмаил, Маргита од Сонце, Ерол Адемов и Рамуш Муарем.

Во тој контекст и  се разговараше за следните активности меѓу кои и Протоколот за соработка со ромски НВО , за поддршка на ЕУ интеграции кои го изработат Сонце, РРЦ и Лулуди. Во врска со Протоколот се прочита и се даваа предлози, и се зборуваше за потпишување на тој протокол како организација.

На средбата покрај Протоколот за соработа се дискутираше и за тековните случувања како и план и програма за идно делување.

Сите присутни на овој Видео состанок беа едногласни од потребата на идеата за еден ваков Протокол со мали надополнувања и воедно успешна примена и реализација.

Групата „КАЛ„ на свирка во „Лабораториум„ во Скопје, влезот е бесплатен.

Во рамки на регионалната турнеја „Во ритамот на Пиштаљка“ создадена како дел од проектот „Распеани херои: Од маргините до главната сцена“, со поддршка на Британскиот совет на 11 мај 2024 година – Сабота со почеток од 19 часот во „Лабораториум„ во Скопје

локација (Saint Blvd. Clement of Ohrid 68, Skopje, Republic of Macedonia) ќе настапи со свирка групата “Кал”. Влезт е бесплатен. На свирката ќе и претходи и Панел дискусија поврзан со ромската популација и култура поддржан од British Council.

Проектот „Распеани херои: Од маргините до главната сцена“ се реализира во рамки на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија. Целта на овој проект е да се подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор и развивање на неговиот потенцијал за социо-економско влијание во овој регион.

Според распредот по дискусијата во Лаб Кафе ќе се организира жива свирка на групата “Кал”.

Ромите за Демократија со иницијатива „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“

За да се унапреди демократското учество на Ромите во општеството, да се промовираат фер и демократски избори и да се зајакнат гласачите Роми, Фондацијата Ромите за Демократија поднесе Иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија насловена како „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“.

Со оваа иницијатива и низ дебата, Фондацијата Ромите за Демократија го презентира своето фундаментално дејствување за зајакнување и вклучување на жената Ромка во јавниот и политичкиот живот. „И покрај повеќе од три децении повеќепартиски систем и декларативни заложби за учество на малцинските групи во јавната и политичка сфера, условите за вклучување на приближно 50.000 жени Ромки не се воспоставени и покрај потенцијалот и квалитетот кој се поседува. Ова недоволно искористување на нивниот потенцијал доведува до поголема маргинализација и го попречува развојот на демократското владеење“, се наведува во Иницијативата „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 37 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот