Во рамки на активности на Ромскиот НВО сектор и обиди на вмрежување и формирање на идејата за Сојуз на интеграција на Ромите во ЕУ, денеска се одржа Видео ЗООМ состанок помеѓу повеќе преставници од ромскиот НВО сектор. На тој видео состанок земаа учество: Себихан Демировски, Надир Реџепи,Зоран Димов, Надире Селмани, Самет Скендери, Кјмет Амет, Ахмет Јашаровски, Дилбера Камберовска, Ферди Исмаил, Маргита од Сонце, Ерол Адемов и Рамуш Муарем.
Во тој контекст и се разговараше за следните активности меѓу кои и Протоколот за соработка со ромски НВО , за поддршка на ЕУ интеграции кои го изработат Сонце, РРЦ и Лулуди. Во врска со Протоколот се прочита и се даваа предлози, и се зборуваше за потпишување на тој протокол како организација.
На средбата покрај Протоколот за соработа се дискутираше и за тековните случувања како и план и програма за идно делување.
Сите присутни на овој Видео состанок беа едногласни од потребата на идеата за еден ваков Протокол со мали надополнувања и воедно успешна примена и реализација.