ЗРДИЦМ како и претходните години така и оваа 2023 година го спроведе проектот
„Педагошки помошници за деца ученици од основното училиште„ на територија на град Скопје .
Овој пат проектот и спроведувањето на обуките на Педагошките помошници како и реализација на нивните активности се реализира со финансиска помош од Амбасадата на Република Словачка во Р.С.Македонија. Проектот со своите активности започна од месец јуни и во следните шест месеци се спроведуваше во „ОУ Браќа Рамиз и Хамид и ОУ 26 Јули во Шуто Оризари. ОУ „Ацо Шопов – Ченто. ОУ Св. Климент Охридски во Бутел и ОУ „Васил Главинв„ во Топаанско Поле.
Обуката се спроведуваше во текот на летниот период од месец Јуни 2023 до месец август 2023 година
На крајот од месец Август на пригодна средба за време на доделувањето на Сертификатите беше присутен и Амбасадорот на Република Словачка НЕ Хенрик Маркуш кој ги додели сертификатите.
Исто така по тој повод Димов му врачи и специјална плакета – благодарница. Амбасадорот Маркуш за време на оваа средба, го изрази своето задоволство што помогнаа во реализација на спроведување на обуките, и напомена дека овој проект го оценија како важен, токму затоа што се работи за една од најмаргинализираните заедници како во светот така и во Македонија , а тоа е ромската заедница.
Тој напомена дека и во иднина Словачкатра амбасада е подготвена да помогне, во слични вакви проекти кои се тесно поврзани со ромската заедница.
Од Септември со стартот на новата учебна година 2023/24 десетте нови педагошки помошници кои се стекнаа со сертификат започнаа да работат со над 150 деца кои ги подучуваа и ги помагаа децата од основното образвание. Тие воедно имаа и интензивна комуникација и контакти со педагозите од основните училишта и со родителите на тие деца.
Проектот беше успешно спороведен заклучно до 25 декември 2023 гдина.