Во пресерт на одбележување на Неделата на солидарноста на луѓето и борбата против расизмот и расната дискриминација и нејзино одбележување во Министерството за Правда имаа средба Заменик министер за Правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи имаа средба со претставниците на граѓанското општество на ромската заедница.
За време на оваа средба од двете страни беше потенцирано дека заложбата за солидарноста на луѓето и борбата против расизмот и расната дискриминација во нашата држава е потребно да се издигне на уште повисоко ниво како и продлабочување на соработката помеѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Всушнсот тоа беше и заклучок и цел на средбата од двете страни. На оваа средба присутни беа и членовите на Мрежата за системски и трајни решенија за Ромската заедница.