Рома СОС Прилеп : Ромите жртви на нефункционалниот здравствен систем

И по три месеци откако почина 3 годишната Анета Неџипоска од Прилеп се уште се непознати причините за нејзината смрт и нема резултат од обдукцијата. Таа беше примена на 7 октомври во прилепсклата болница со висока температура и пуштена на домашно лекување по примена инфузија. Утрината таа починува. Нејзините родители бараат одговор зошто се уште не е решен овој случај, и дали има лекарска грешка.

 

„Кога ја однесовме дома Анета таа повраќаше, но лекарката ни рече дека мора да биде така бидејќи ќе се прочистува од тоа што го примила системот. Ми даде надеж дека се е во ред. Но утрината јас ја најдов Анета мртва. Ми рекоа дека за 15 дена ќе има резултати од обдукцијата, а еве и по три месеци нема ништо, сакам да знам од што и како почина мојата ќерка“, вели Зулихана Ќазимоска, мајка на Анета Неџипоска.

Ова е само еден од примерите каде од невладината Рома СОС велат дека се врши дискриминација врз ромите во здравствениот систем и ниту една инситуција не ги разгледува нивните случаи.

„Забележуваме дека во јавносат никој не дискутира и не изразува грижа за нивните животи како тие да не се луѓе, освен по наша реакција како ромска заедница. Ова е начин на кој ние се сегрегираме, се дискриминираме и се изолираме од општествените текови“, кажа Несиме Салиоска, извршен директор на Рома СОС Прилеп.

Во 2013-та при породувањето на Фарије Адемоска од Прилеп се јавуваат компликации, детето е итно пратено во Скопје, и починува по 8 дена, а на Салиоска и е извадена матката. Се уште нема одговор од што настанале компликациите.

„Прво пробаа со пластичен вакуум да го извадат бебето, но неможеше потоа пробаа со железен вакуум и тогаш бебето узлезе но се случи нешто и лекарите се растрчаа низ салата и заминаа. Кога дојде лекарот ме удри по грбот со раката и ми рече дека јас сум била виновна за тоа што се случило“, вели Фарије Адемоска, мајка на починато бебе.

Во 2012-та Сабина Веселова од Битола починува при породување со царски рез, а обдукцијата покажала дека причина за смртта е недостаток на воздух. За случајот е покренато обвинение.

„И едно време ми велат дека жената ти почина. Јас не верував, како може да почине ништо не и беше претходно. И сеуште незнам што се случи и од што конкретно почина. Сега јас сум и татко и мајка на 3 деца, многу ми е тешко“, рече Сенин Пеливановиќ, сопруг на Сабина Веселова.

Од Рома СОС велат дека тие денеска формираат ромски парламент и заклучоците од дебатата ќе бидат пратени до сите надлежни институции

 

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 303 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот