Мал е бројот на жени кои пријавуваат насилство, покажува извештајот „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“,кој деновиве беше презентиран од страна на Националниот ромски центар во Куманово.
Проектот се спроведува со поддршка на Европската Унија, како дел од регионалната програма на UN Women. Истражувањата од терен покажале дека сосема малку жени од различни причини не пријавуваат насилство.
Според податоците 15 жени од Куманово побарале и добиле правни советувања во НРЦ.
На презентацијата на проектот присуствуваа претставници на локалните институции, установи, невладини организации.