Проектниот тим во соработка со теренските асистенти одржа денови на советување и споделување на информации во врска со постапката за легализација во ромските населби во општините Кочани, Велес и Кичево.
Средбите беа организирани во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” кои имаа за цел да ги информираат ромските граѓани за важноста на процесот и постапката за легализација како и да им го претстават проектот и можноста за добивање на бесплатната правна помош во постапката за легализација.
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија.
Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.