По серијата инциденти на штипската улица Панче Карагозов, денес преку ТВ Стар се огласија претставници на некои ромски организации.
„Ова се изолирани случаи. Соживотот меѓу ромското и македонското население мора да продолжи“, изјави Ерол Адемов од Здружението „Мултикултурна соработка„ .
“Реакциите на жителите од оваа улица се оправдани и крај на безаконието мора да се стави. Нисе сме живееле и ќе продолжиме да живееме заедно“, е ставот и на Енисе Демирова од Здружението „Черења“.
Што Организацијата на Ромите ќе преземе во таа насока?
„Мора да се организираат советувања, средби со граѓаните, но клучно е полицијата да постави позорникари секеде онаму каде има вакви појави“, смета Адемов.
Од друга страна , иако револтирани од случувањата, грагани од оваа и некои други улици во Штип категорично тврдат дека со децении назад проблем со соседите Роми немале.
„Ова се поединци. Ние израснавме заедно со Ромите, се почитуваме. Ова што се случува го прави една група криминалци ли се, наркомани ли се, не знам што се“, вели Марјан Стојчев, жител на ул. „Панче Караѓозов“.
Проблемот според нив е откако се појавиле Ромски банди поради кои тие немаат ниту мирна нок ниту мирен ден.
„Ги напаѓаат и ромските куќи. Најверојатно се работи з аистата група . И ние немаме мир од нив“, велиДемирова.
„Дома зад вратите чуваме секири, шипки, за одбрана“, кажа Стојчев.
Од своја страна, енергично и итно својот дел од работат веќе го врши и полицијата. Под засилена контрола ќе биде не само улицата „Панче Караѓозов“ , туку и останатите каде ќе се процени дека е потребно нејзино поголемо присуство .
Дали ова ќе биде доволно и дека на оваа и некои други улици во Штип веднаш ќе се врати спокојството не е гаранција, но факт е дека станува збор за група и поединци на кои не смее да им се дозволи досегашното криминално однесување.
Среќа е што при последниот инцидент завчера нема потешко повредени, иако ноќта имало бегање, гонење и мавање со секири.
Link: https://televizijastar.com/2019/01/15/%D0%BF%D0%BE
Youtube: