Во пресрет на одбележување на Меѓународниокт ден на Ромите 8 Април, во тек се подготовките и финализирање на активностите на ИРУ кој го организира својот 12 Конгрес и ќе се одржи од 3 до 6 Април во Скопје, со повеже панел дискусии и културни програми.
Според најавите се очекува околу 60 ИРУ делегати од над 50 држави и над 30 други високи гости ромски пратеници и функцинери од многу европски држави,
Инаку сите панел дискусии ќе бидат дебатски обрабтени, но најголемиот таргет ќе биде фокусиран на младата нова прогресивна сила на ИРУ . Идеата е ИРУ со нови млади интелетуални Роми да биде иднината на Ромското движење во светот. Затоа и слоганот на ИРУ за вој 12 Конгрес е „ИРУ засекогаш„.
Во Преамбулата на Статутот на ИРУ се искажуваат заедничките цели и идеи на Ромската Нација чии преставници всушност ја преставуваат и затоа е формирана Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. Како преставници на Ромскиот народ прават напори да се заштити Ромската популација и идните генерации од сите неагативни појави со кои се соочуваа во минатото, во сегашноста и во иднината Ромскиот народ, во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилств, геноцид, а воедно длабоко сме уверени во почитување на човековите фундаментални права, еднаквост меѓу сите полови, создавање на поволна клима за почитување на правата почитување на основните демократски принципи на слобода, и животниот стандард, како и елиминација на сите неправилности, во соработка со интернационалните институции кои се задолжени за тоа. Мисијата воедно и како цел се следните заложби:
Да се прошират хоризонтите за зачувување на Ромската култура, традиција, обичаи и јазикот
Почитување на основните човекови права и слободи , и почитување на сите обврски кои доаѓаат со потпишување на сите договори од интернационален карактер
Да се одржи мирот и стабилноста во светот
Развивање на пријателски односи помеѓу народите врз основа на почит, и еднакви права помеѓу народите
Соработка за решавање на проблеми од економски, социјален, културен и хуман аспект во врска со Ромите
Да се зајакне поддршка за еднакви права, основи на слободата, без разлика на боја, раса, пол, јазик и религија
https://www.facebook.com/jasna.vlado/videos/1327959697871332?locale=mk_MK