Во рамките на активностите и подготовки за Ромската Стратегија 2021 – 2030 ЕРГО во Прага организира 15-та Европска платформа за вклучување на Ромите.
Меѓу поканетите високи преставници и репрезенти од европските институции, свое учество ќе има и претседателот на ИРУ Зоран Димов.
Во дводневната конференција ќе има повеќе панел дискусии и донесување на заклучоците,
Како поважни дискусии се и Патот напред - еднаквост, вклученост и учество на Ромите и Ромите во време на кризи: Украинските Роми бегалци во ЕУ и како внатрешно раселени лица.
Меѓу другите говорници свое обраќање ќе има и Зоран Димов.
Да се напомене исто така дека мешу дискутантните ќе говорат и Марта Гарсија Фидалго, советник – ромска политика, Европска комисија, ГД за соседство и преговори за проширување како и европратениците Петер Полак, Ромео Франц и др.