„Меѓународниот ден на Ромите е ден за славење на ромската култура, историја и јазик и оддавање почит на придонесот на Ромите во богатото ткиво на нашите европски општества“, рече претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод 8 април, Светскиот ден на Ромите. „И покрај предизвиците со кои се соочуваат многумина, граѓаните Роми можат да бидат горди Европејци, горди на богатството што го носат во Европа - но денес е и ден за подигнување на свеста за сериозна загриженост: растечкиот антициганизам“, рече таа во видеото каде што таа се појавува заедно со европратеникот Петер Полак.
Полак зборуваше за фактот дека многу мажи и жени Роми во Европа продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и расизам. „Неприфатливо е нашата етничка припадност, боја на кожа или сиромаштија да продолжат да не делат“, рече европратеникот, потсетувајќи ги европските гласачи дека пандемијата докажа колку се уште се запоставени ромските населби и покрај огромните инвестиции.
„Денес се сеќаваме на лекциите научени од Втората светска војна, во која беа отфрлени послабите членови на нашето општество и потврдуваме дека Ромите мора да ги уживаат истите права и третман како и сите европски граѓани“, рече Мецола. „Европскиот парламент стои со вас. Sastipen bacht, le Romenge“.