Хаосот во Украина продолжува. Овој пат вклучени се и украинската полиција и војска. Тие на свој начин ги казнуваат оние кои се и најсиромашни и оставени сами на себе. А меѓу нив се и украинските Роми.
Војната најмногу ги погодува најсиромашните, меѓу кои се и еден дел на заедницата Роми. Немањето на храна, не еднаквиот третман на доделување на хуманитарна помош за најранливите во ова војна, ја принудува ова заедница на илегален чекор со тешки последици по нивниот живот.
Нехуманиот третман , понижувањето на овие луѓе кои ке бидат фатени или само под претпоставка дека украле нешто, следува врзување за некој собраќаен знак или електричен столб со само леплива лента, фарбање на лицето во боја на украинското знаме, па дури и физичко малтретирање, и тоа се во името на „СЛАВА НА УКРАИНА„.
Многумина кои веќе ги погледнале овие фотографии, знаат дека ваков чин кон „гладните крадци„ се на сметка на озлогласените неонацистички групи на Украина пред се на членовите на неофашистичкиот одред Азов.
Ваков вид на казна се применува во држава во која нема демократија туку законот на улицата и самоволието, без разлика дали таа држава е во војна или не. Затоа и ИРУ реагира и вели дека е потребна и реакција и апел до ЕУ и институциите да превземат соодветни чекори за елиминирање на овие појави, воедно да поведе поголема сметка и за третманот кон Ромите од Украина кои се оставени на милост и немилост. Каде се и што прават сега европските пратеници во ЕУ Парламентот кои се залагаат за правата на Ромите?