Интернационалната Ромска Унија - ИРУ реагира: „ Дали во овој Руско- Украински конфликт, Ромите од Украина повторно ќе бидат само колатерана штета?„

Реакција на ИРУ

 

Почитувани

 

По најновите информации за рускиот напад на Украина, Интернационалната Ромска Унија – ИРУ ја изразува својата загриженост од продлабочување на овој конфликт и испраќа апел за брз прекин на сите воени дејствија.

„ИРУ недвосмислено го осудува денешниот руски напад врз Украина, што е јасно прекршување на меѓународното право и светските вредности“, а исто така, „ги поткопува европскиот мир и безбедност“.

– Ја повикуваме руската страна веднаш да ги прекине воените дејствија, кои покрај другите сериозни последици, ги ставаат во опасност животите на цивилите, вклучително и ромската заедница која живее во Украина. Се вели во реакцијата на ИРУ.

ИРУ исто се повикува и на основниот принцип кој е „заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави“ и го осудуваат секое кршење на овие основни принципи предвидени во Повелбата на Обединетите нации.

По објавените први извештаи за жртви во Украина, по експлозиите и сирените кои се слушаа во главниот град Киев во Харков, Краматорск, Днипро, Мариупол, Одеса и Запорожје исто така пријавија експлозии во раните утрински часови. ИРУ исто така е загрижена и за Ромската заедница која живее во тие региони. Според статусот кои го уќиваа Ромите во овоие делови ИРУ исто така е загрижена дека сепак во овој конфликт Ромите ќе бидат само „колатерална штета„. Со информациите дека започнаа и бегалски бран од Украина, се претпоставува дека Ромите ќе останат всушност „заробени„ во тие региони без можност за нивна евакуација, и затоа испраќа апел до меѓународните организации  да посветат поголемо внимание и кон ромската заедница која брои според неофицијални извори над 200.000 Роми, се вели во реакцијата на ИРУ до меѓународната заедница

 

Со почит

Зоран Димов

Претседтел на ИРУ

 
Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 304 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот