Зоран Димов: „Сега кога Самка си фати фотелја, редно е да го врати долгот кон БТР, и да си ја одблокира сметката на ПЦЕР„

По назначување од страна на Владата , на некогашниот пратеник, министер и заменик министер Самка Ибраимовски за в.д. Заменик директор на „Македонија Пат„, се огласи и Зоран Димов, сопственик и основател на ТВ БТР Национал напоменувајќи дека веке подолго време партијата ПЦЕР е со блокирана сметка поради долг на партијата кон БТР Национал, за неплатена а спроведена платена политичка програма - Кампања.
Долгот датира повеќе од 5 година, поради кој побарувањата се дадени и преку судски пат за извршување. Ниту до ден денешен тој долг не е вратен, кој изнесува околу 1 милион денари.
Инаку Димов повеќе пати досега дозволил писмено да се одблокира сметката на ПЦЕР со молба поради прилив на средства и функционирање на партијата, а со ветување од страна на Самка дека ќе започне со исплата на долгот. По легнување на парите, Самка не се држеше до даденото ветувањем и сметката беше повторно блокирана. Сепак Ибраимовски повеќе пати поради прилив на средства за партијата отварал посебни потсметки за леганување на тие средства и според Димов со тоа без знаење на партијата каде самиот е потписник на тие сметки ги подигал средствата и со тоа направил незаконски дела. Спо овој факт е запознат и поранешниот министер без ресор Аксел Ахмедовски , кој ги знае сите овие моменти.
Димов во повеќе наврати ги предупредил и од СДСМ дека сметката на ПЦЕР е блокирана и дека Ибраимовски незаконски ги прибира средствата на посебна потсметка на паријата чиј е он единствен потписник.
Димов вели: „Ибраимовски ја упропасти и ја уназади првата ромска политичка партија во Македонија. Наместо прогрес, тој партијата ја врати години наназад. Тој како ја превзеде претседателската функција, само ја деградираше и ја искористуваше за лични интереси. Таа всушност за него беше како бизнис фирма – за свои лични интереси, а не партија која треба да ги брани интересите на заедницата која треба да ја застапува. Затоа и паријата ПЦЕР финансиски ја колабираше. Сега е време , штом во име на партијата си зема фотелја, да си го врати долгот кон ТВ БТР од платата како в.д заменик директор на „Македонија Пат„ да ја одболкира сметката на ПЦЕР, за да може оваа партија да функционира нормално. И воедно и самиот знае дека веќе е непожелен на ромската политичка сцена, полека нека го отстапи месото на други многу попродуктицни и млади сили во ПЦЕР„ „ПЦЕР е потребно овој „гробар„ на партијата да го отстрани од нејзините редови и да одбере нов свеж и млад кадар„ Инаку идниот лидер на ПЦЕР треба да знае дека ќе наиде на блокирана сметка на ПЦЕР, но ветувам дека ќе направам напор од моја страна сесрдно да и помогнам на оваа партија и да изнајдеме некое оптимално решение само за добробит на ПЦЕР и за Ромскиот народ„ заклучи Димов во своето размислување.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 104 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот