Во петок на 9 октомври преку ЗООМ платформата за Видео конференција и учество на над 60 делегати од 45 држави, ја одржа својата редовна есенска Парламентарна сесија на ИРУ.
Свој вовед на самата Парламентарна сесија имаа Претседателот на ИРУ Зоран Димов, Претседателот на ИРУ Парламентот Розита Гронфорс како и членови на Кабинетот на ИРУ.
Воедно сите присутни делегати имаа свои извештаи за состојбата со Ромите во државите и регионите од каде што доаѓаат. Аспектот на извештаите беше од сите полињам каде највеќе доминираше состојбата на Ромската заедница во општествата каде што живеат, а е тесно поврзана со пандемијата со Корона. Истовремено беа презентирани и дел за имлементација на националните Стратегии поврзани со Ромите во своите матични држави. Во тој склоп делегатите на ИРУ го усвоија и Акциониот План на ИРУ за 2020 -2024 подготвен од ИРУ а кој ќе биде доставен до сите релевантни меѓународни институции (ОН, ЕУ, ЕК,СЕ и други) .
Паралелно со тие активности ќе се спроведува и зацртаната активност на ИРУ преку своите членови и делегати насекаде каде има Роми (ЕУ и други значајни региони и држави) со својата нова иницијатива насловена како „Рака на пријателство од ИРУ до сите релевантни фактори„.
Имаше и други теми на дискусии и раговори, како и задачи кој ќе треба да се реализираат во следниот периодм кој покрај горенапоменатите една од активностите е и одбележувањето на 50 години од Првиот Ромски Конгрес и зачетник на ИРУ (1971 -2021) на што подостоинствен и свечен чин со учество на високи и релевантни функционери од меѓународната политика, цивилниот сектор и ромскиот активизам.