Парламентот на ИРУ ја утврди временска табела за завршување на подготовките за одржување на првите електронски избори, што се одржуваат во врска со XI Светскиот конгрес на Ромите. Во согласност со тој распоред, програмата официјално започна на 15 септември.
Ова значи дека секој Ром кој сака да учествува на гласање ќе биде потребно да се регистририра со испраќање на свое име и презиме и местои на живеење на следната е маил адреса - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. . Пријавувањето за регистрирани гласачи е до 31. Јануари 2020 година
Истовремено сите заинтересирани Поединци кои сакаат да се пријават како кандидати за функции во ИРУ, потребно е да испратат за почеток свое CV на оваа е-пошта - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Истовремено покрај CV сите кандидати за ИРУ функција потребно е да испратат и своја фотографијам заедно со нивните намери и приоритети.
За кандидатите за функции во ИРУ последен датум е - 31 декември 2019 година!
Техничката страна на изборниот процес е во напредна фаза, како што се бара кога
Демократската комисија за транзиција е формирана на 10-от Конгрес во 2016 година.
Интенцијата на Комисијата на ДТ е во наредните месеци да се достигне бројка близу до 10.000 потенцијални гласачи за да идниот мандат на преставници на ИРУ биде со поширок аспект.
Затоа, ДТ комисијата ги повикува сите активисти кои веруваат во воспоставување на фиксни демократски норми како средство за обезбедување на проширување и зајакнување на нашето национално движење за да се предадат на оваа задача. Споделети ги овие информации! Охрабрете ги пријателите, семејството и колегите да се запишат сега!
Долгорочната цел да се создаде мандат за Ромска нација, при што гласачите меѓу заедниците ќе се снабдат во глобалната ромска дијаспора, е пожелна и остварлива. Листата на гласачи е веќе поставена преку списокот на неколку илјади гласачи од сите делови на светот.
Тоа е одличниот чекор напред кој може да му донесе на Ромската нација место меѓу светското семејство на нации. Не само место, туку и политички глас сразмерен со големината на тој нација без граници дефиниран со страст од делегатите на вонредниот 5-ти Конгрес во Прага на почетокот на овој милениум.
Покрај 1-виот светски Конгрес на Ромите во 1971 година, Прашкиот Конгрес ги постави параметрите. Да се потрудиме заедно, направиме следниот XI Конгрес на ИРУ за 2020 година да биде оној што ќе ги извади оковите што нè држеа толку долго!
Да живее Ромската нација!
Гратан Пуксон, - претседател на Демократската транзиција на ИРУ.