Како што е најавено Скопје ќе биде домаќин на редовната Парламентарна сесија на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ која ќе биде од 27 до 30 јуни оваа година. Во склоп на Парламентарната сесија покрај активностите на ИРУ Парламентот, ќе бидат организирани и паралелно неколку интересни содржини како што се Научни симпозиуми за Ромите и холокаустот, Научен симопзиум за Генезата, јазикот и историјата, за Традиционалниот Ромски Крис, како и Бизнис Форум и воедно за состојбата со ромите насекаде низ светот во форма на Публик Хиринг каде учество ќе земат и преставници на амбасадите кои се во нашата држава.
Ова побуди и голем интерес кај сите така што до сега листата на присутни гости и делегати брои близу стотина гости од 50 држави.
Најавени се гости од поголем број на европски држави како и држави кои се надвор од европското тло како што се од Азијското тло ( Пакистан, Индија) од далечниот Исток од Јапонија од Австралија како и од северно и јужно американско тло .
Од ова може да се заклучи дека организацијата на овој голем настан на чело со Претседателот на ИРУ, Зоран Димов, ќе ги очекува голема и договорна задача за да се реализираат сите планирани активности, каде на крајот ќе треба да се извлечат повеќе одлуки, заклучоци, декларации, соопштенија кој ќе придонесат повеќе кога е во прашање ромската заедница насекаде низ светот, затоа што токму главната мисија на ИРУ е токму тоа да ги барни интересите на ромската нација, и воедно да се подигнат што повеќе прашања на ова поле.