Сејдо Дураков е надежен фудбалер и е на место кое секој млад фудбалер би сакал да биде. Во големиот Баерн Минхен.
Тој во моментов е член на У17 екипа на „Баварците“. Момче родено 2007 година во Аусбург, кој што игра на позицијата офанзивен играч за врска или популарно наречената „десетка“. Неговите родители се со потекл од Македонија, и сега преставува надежен и голем талент со кој се верува дека во иднина ќе бидат горди Ромите на него, затоа што неговите родители се Роми од Македонија
Само како појаснување за каков играч се работи, во првото коло од младинската Бундес лига, за својот Баерн Минхен, Дураков на дуелот против Јан Регензбург во победата од 5:0 постигна хет трик, и асистираше за еден погодок.
Дураков веќе има настапи за репрезентацијата на Германија, за која при истите ја има носено и капитенската лента. Навистина голема привилегија, но и одговорност во исто време.
Истата секако дека дава потврда за она што се вели сериозен квалитет и потенцијал кој што несомнено Дураков го поседува.
Youtube: