Во спомен на атлетскиот великан Ромот Мемо Сулејманов

Во среда (3 април) во 12,30 часот ќе биде отворена изложбата „Мемо Сулејманов - македонски атлетски рекордер“.
Ќе бидат презентирани музејски предмети кои го формирале фондот на Мемо Сулејманов во Историскиор оддел на Музејот на Македонија од збирката за Физичка култура и спорт.
Мемо Сулејманов е роден во 1926 година во Велес.

Иако не го познаваат голем број спортисти, особено помладите генерации, Сулејманов Мемо е секако основоположник на маратонското трчање во Македонија. Во годините непосредно по Втората светска војна, Сулејманов настапувал во дисциплините на средни долги патеки. Како долгопругаш бил сопственик на сите рекорди во дисциплините од 3000 метри до маратонот.

На Државното поединечно првенство на Југославија, одржано на 23-24 август 1946 година, Мемо Сулејманов го освоил II место со резултат 2:47. Пласманот во оваа трка недвосмислено потврдува за квалитетите на овој атлетичар не само во рамките на Македонија, туку и во тогашните југословенски простори.

Во 1949 година, од страна на првиот спортски весник во Македонија “Спортски глас”, бил направен првиот избор на најдобрите спортисти во Македонија. Во спроведената анкета од читателите, во најдобрите 10 спортисти, Мемо Сулејманов го освоил седмото место.

Мемо Сулејманов ќе остане запаметен како атлетичар кој настапуваше бос, без спринтерици. По завршувањето на неговата долга и богата спортска кариера, на сите позначајни спортски манифестации доаѓаше во улога на фоторепортер. Сите сакаа да бидат фотографирани од него. 

Мемо Сулејманов, поради тоа што беше Ром и поради потемната боја на кожата меѓу спортистите го имаше и популарниот прекар „Африканец“. На меѓународниот митинг во Белград, на стадионот на ЈНА во 1949 година, бурно беше поздравен од гледачите кои мислеа дека е тркач од Африка.

Почина на 58 годишна возраст во 1984 во Скопје.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 95 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот