Музика

Гуча, Србија: Кристијан Азировиќ од Бојник - Прва труба на Гуча 2021

На 60 -от јубилеен фестивал на труба во Гуча, наградата за прва труба ја доби трубачот од Бојник, Кристијан Азировиќ. Неговиот оркестар исто така ја освои наградата и најдобро отсвирано коло.

Оркестарот на Владимир Ивановиќ од Загушање е прогласен за најдобар, најдобар тапанар е Филип Стојановиќ, тенорот Милутин Јевчиќ, басист Стефан Илиќ, а песната на оркестарот е Марко Глигоријевиќ.

Повеќе...

Есма бенд и Браќата Нуне приредија вистински спектакл на овогодишниот Егзит фестивал во Нови Сад.

По покана од организаторот Есмас бенд имаше настап на Егзит и така ги потсетија сите верни фанови на легендарната Есма. Беше вечер посветена на Есма, ги исполнија сите долгогодишни хитови, кои никогаш нема да престанат да се слушаат. Како единствен женски вокал кој што го школуваше Есма, Елеонора Мустафовска блесна со нејзиниот глас, облечена во добро познатите шалвари на Есма кои и ги има подарено токму Есма. Браќата Нуне заедно со нивниот бенд направија вистинско ремек дело со новите аранжмани на "Зошто си ме мајко родила", "Романо хоро", "Мангава тут", "Чае шукарије" и многу други композиции кои што целата публика ги пееше заедно со нив. Овој настап  беше уште еден поттик Симеон Атанасов да се бори  за правдата да излезе на виделина и да го исполни аманетот на Есма и Стево Теодосиевски.

Бајка за кралот на ромската музика

Книгата „ Питао сам малог пужа„ (книга посветена за Шабан Бајрамовиќ) од социологот и ромологот проф. Д-р. Драгољуба Б. Ѓорѓевиќ од Ниш беше преставена пред скоро 2 години.

Авторот се труди социолошки да го дефинириа феноменто на Шабан Бајрамовиќ на оргинален начин - творејќи речник на поими, потпрен од архаизми и локализми.
Одамна ние се согласивме дека нишкиот јунак е вашарлија, кафанчерос, голооточеник, барбуташ, женољубеник, ѓузлуклија, кукулелек и филмаџија.

Шабан Бајрамовиќ исто етикетиран е и како добропамтило, домаќин, одважен, помагател, српски Ром и патриот, но не беше парољубец, циција и никогаш не беше ниту ромски жиголо, акцентира Ѓорѓевиќ.

Авторот вели дека книгата “Питао сам малог пужа” го мотивирал посветениот есеј од британскиот колумнист Гарт Картрајт насловен како “Шабан Бајрамовиќ - трошаџија на животот”.

Судбината на Бајрамовиќ беше да направи нешто за себе, за нас и воопшто за музиката. Тој повеќе беше ценет во странство отколку кај нас.
Шабан мораше , како што истакнува Ѓорѓевиќ да како дете се снаоѓа за корка леб, и да биде амал и молер.

- Негово беше како војник да дезертира, за ништо да отиде на Голи Оток, со Алија Изетбеговиќ да крши камења, да научи да пее и да свира на контрабас,, негово беше да ја отпее „ Заробен сум„ и да биде на 12 место на светкста листа во 1965 года.
Да компонира 700 песни, да настапува насекаде низ светот освен во Австралија, да биде на престижната листа на „Time” и да беде прогласен за крал на ромската музика„ нагласи Ѓорѓевиќ.

Џамбо Агушев правеше музика за новиот филм на режисерот на „Паразит“

Ромскиот музичар Џамбо Агушев учествувал во изработката на музиката за филмското остварување „Окја“ на Бонг Џун Хо, режисер и на филмот „Паразит“, кој годинава стана првиот странски филм добитник на четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм. “Паразит“ го победи македонскиот документарец “Медена земја“ во категоријата интернационален филм, а доби престижна статуетка и за оригинално сценарио и режија.

 

Во филмот „Окја“ може да се слушнат звуците на трубата на Агушев, кој на социјалните мрежи тогаш напишал: “Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни, судејќи по аплаузот.

 

Тоа е гордост за мене и мојот оркестар ‘Џамбо Агушеви’, но и за Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за ваквиот успех“.

 

Link: https://www.vecer.press/%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B3%D1%83%D1%

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 57 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот