По кусо боледување ноќеска почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов(72).
Веста за неговата смрт рано утрово ја дознале и членовите на неговото семејство.
-„Починал ноќеска, лошите вести утрово ни ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе ни се врати, но за жал ни замина. Некои медиуми напоменаа дека по негова желба погребот ќе биде во Штип, каде е роден и каде последните години живееше со семејството, но според последните информации тој ќе биде погребан во Скопје„ - велат од семејството
Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш е во болницата „8 Септември“. Според зборовите на најблиските, се ннадеваа дека состојбата ќе се подобри, но за жал, тоа не се случи.
Ферус Мустафов беше долгогодишен музички уредник на првата ромска приватна телевизија ТВ БТР – Национал и реализатор на многу забавно музички проекти на ТВ БТР.