СП БТР Продукција заедно со Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски„ во Среда на 22 Ноември во МКЦ , кино „Фросина„ во Скопје со почеток од 19 часот ќе организираат еден навистина уникатен сценско музичкиот настан „Во спомен на Есма за незаборав„.
Тој настан е на некој начин и годината на одбележување на 80 години од раѓањето на Кралицата на Ромската музика и воедно хуманитарец со големо срце – Кралицата Есма Реџепова Теодосиевска.
На настанот ќе бидат изведени 11 музички нумери од големиот музички опус на Есма Реџепова Теодосиевска во изведба на познати музички имиња од македонската и ромската музичка сцена. Дел од Песните на Есма ќе бидат исполнети од страна на Сузана Гавазова, Анета Љумаковска екс вокалот од групата „Молика„ Рамадан Бислим Рамко Хајрија Бислим, Бернат Демоирали и Ервин Аметовски. На самиот настан ќе биде прикажан краток документарец на Есма во продукција на СП БТР и ќе биде прочитана и поема посветена на Есма од страна на новинарката Валентина Парго.
Овој настан го потпомогнаа и Министерството за култура како и градот Скопје.
На настанот се поканети одреден број на пријатели и почитувачи на делото на Есма, како и преставници од државата и градот Скопје и дипломатскиот кор.