„Нишвил“ ја претстави својата програма во Скопје

Во рамките на Скопско лето, вечерва во Куршумли Ан во Скопје, во соработка со ПолиФониа, се одржува концерт на џез фестивалот „Нишвил“ од Србија. Ќе настапат „Моба трио“, Нишвил „Ромајам“ оркестар и ди-џеј Лоптица.

Според амбасадорката на Србија во земјава, Невена Јовановиќ, преку настапот на овој „Нишвил“ џез фестивалот во Скопје, уште еднаш се потврдува добрата билатерална соработка која постои меѓу двете земји.

Таа нагласи дека Србија целосно е посветена да глади пријателска соработка со  Македонија и се надева дека во иднина таа ќе се интензивира.

На програмата ќе биде композицијата на Шабан Бајрамовиќ, со оглед на тоа што покрај класичен, публиката ќе има можност да слушне и етно џез музика.

Пијанистот на групата „Моба трио“ Миша Павловиќ посочи дека ова го прават најмногу од љубовта кон класичен џез, свират композиции од минатата година, а во тек е и снимање на нивниот албум.

Вокалната солистка на Нишвил „Ромајам“ оркестарот, Злата Маринковиќ посочи оти ѝ е драго што е дел од овој проект и што има можност да ја доловат ромската но и етно џез музиката.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 133 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот