Самоукиот Ром Бранко Ристиќ стекна светска слава а сега за нова година свиреше и дома
„Во странство можеби има поголеми шанси за успех, но мојот дом има најголемо срце„ ваели виолинистот Бранко Ристиќ
Како е тоа прво да си на дно , а потоа да се допрат звездите, на своја кожа го почувствува самоукиот виолинисти Бранко Риситќ , Ром кој од родната ромска маала Грабивице од Горни Милановац , заминал за Лондон и стекнал светска слава.
Од сиромаштијата и тагата го извлекла Британката со симболично име – Фејт, која ја променила неговата судбина. Тие двајца свирајќи виолина и хармоника , прават чуда, и нивната љубивна приказна не остави никого рамнодушен.
Меѓутоа овој Ром никогаш не ги заборавил своите корени и често доаѓа и дома , дури кога и Новата 2020 можеше да биде кај ќе посака низ светот и да настпаува, тој го одбрал настапот во Горни Милановац.
- Никаде луѓето ја немаат таа емоција како што ја имаат тука. Го поминав цел свет и го почувствував тоа на своја кожа. Во странство можеби имаш поголеми шанси за успех, но дома имаат поголемо срце. Затоа и ќесто се враќам дома и тука свирам со најотворено срце„ вели Бранко Ристиќ.
Со звуците од неговата виолина плачат многумина, затоа што тој знае перфектно да го погоди вистинскиот тон и вистинската жица. . Тој летовоимаше настап на привиот Сабор на виолинисти во Прањани, каде сите ги воодушеви и затоа го побараа да настапува и за Нова година. За новогодишниот настап во Горњи Милановац, исто така беше и Мира Шкориќ.
Тој со својата љубов Фејт планира уште квалитетни проекти а на пролет му е пшланирана и турнејата низ Австралија.
-Ние двојцата го спојуваме невозможното. Традиционалното со модерното, ромски тонови со класичните – рече Бранко.