Францускиот музичар со шпанско потекло Ману Чао e интернационална музичка ѕвезда кој има многу успешна кариера. Ману Чао воопшто не се однесува како ѕвезда, и воедно е познат како борец против неправди . Повеќе пати на социјалните мрежи Ману Чао подржувал или критикувал општестевни неправди и проблеми.
Но можеби малкумина знаат дека Ману Чао досега повеќе пати имал и настапи и концерти и во Скопје и Македонија.
За време на еден од неговите настапи можеби пред деценија и повеќе во СЦ „ Плаја Виста„ каде присуствуваа над 10.000 публика, а во организација на „Литиум рекордс„ за време на тонската проба на Плаја Виста, на иста локација беше и ромската ТВ БТР –Национал. За време на паузите Ману Чао ја искрости можноста и го погледна студиото на ТВ БТР –Национал ,и додека ја гледаше ТВ програмата продефилираа и повеќе ромски песни.
Тој и екипата беше едноставно фасциниран од ромската музиката така да за време на престојот во Скопје и во посета на повеќе ресторанти побара и локал каде има и ромска музика. Едноставно се вљуби во таа музика, и каде специјално само за тоа имаше едно подолго тв интервју за ТВ БТР каде ги искажа сите свои впечатоци за Ромите и ромската музика зборувајќи во еден здив и импресиониран од тоа што го видел и слушнал.
И покрај тоа што е планетарно популарен, Ману Чао може да се каже дека е една скромна, искрена и пред се отворена и нормална личност.