Угледниот World Music Charts Europe (WMCE) ја објави својата месечна топ листа за јули 2019 каде за прв пат од нејзиното формирање едно музичко остварување од Роми се наоѓа на прво место.
Како што пишува порталот World music новиот албум на Бобан Марковиќ и оркестарот „Мрак„ објавен за унгарската издавчка куќа Fonó Budai Zeneház, а новото издание на Бобан и групата го чекаа седум години
До овој успех , надобро позициониран албум од овие простори беа групата Кал со истоимениот албум каде на годишната листа од 2006 година се најде на трето место.
Инаку WMCE е сонована во 1991 година од страна на европските радио-продуценти во име на Европската Унија за радиодифузија (EBU).
Еднаш месечно , радијските world music диџеи од 24 европски земји гласаа за своите фаворити помеѓу актуелните остварувања и ги испраќаат во Берлин , а листата на првите десет албуми се објавуваат на интерент порталот WMCE.
Инаку Бобан Марковиќ е роден во Владички Хан во 1964 година . Тој со својот оркестар освоил многубројни национални и интернационални награди и признанија. Настапуваат под името Balkan Brass.
Досега имаат објавено околу 15 ЦД.
Link: https://www.vranjenews.rs/news/boban-markovi%C4%87-prvi-na-evropskoj-world-music-top-listi
Youtube -