За разлика од минатата година кога беше одржан во амфитеатарот на кејот на Ниш оваа година програмот ќе се реализира на летната сцена во Тврдината и во Нишкиот културен центар.
На првиот фестивалски ден планирана е трибина на тема музичка оставнина на кралот на ромската музика , Шабан Бајрамовиќ и настап на оркестарот Црни мамби и Небојаш Саитовиќ како еден од иницијаторите на овој фестивал.
Официјалното име на самиот фестивал е „ World and Gipsy music festival„ Со својот специфичен репертоар се собира голем број на публика.
Фестивалот ќе го отвори трубачот Небојша Сејдиќ внук на познатиот Феат Сејдиќ . Исто така свое учество ќе има и оркестарот „Апсолутно романтично„ од Нови Сад кој со години наназад го придружува кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ и за прав пат ќе има настап пред нишката публика.
Организаторот на фестивалот е Федерацијата на ромските основци, среднисти и студенти (FROS) и Нишкиот културен центар, а влезот е бесплатен.