Алексиан Сантино Спинели себе се опишува како иметник и активист, патриот, и хуманист на ромската култура. Алексиан е неговото уметничко име кое е поврзано со него во неговата музичко-уметничка кариера, инаку по професија е професор.
Со гордост напоменува за неговите корени кои се протегаат шест векови во минатото кои се занимавале со музика.
Музичката кареиера на Спинели која трае скоро 35 години е импресивна . Започнал да свири како дете и не сонуваше дека еден ден ќе настапува на сцена преполна со публика со големина на фудбалски терен и колона на посетители во должина од 4 километри .
Има одржано над 3000 концерти низ целиот свет и и собрал педесет и четри професионални музичари од разни делови на светот и организирал Европски оркестар на мирот, а опишувајќи го тој проект Сантино напоменал:
„ На Европа и е потребна ширина. Ние сме против дискриминација од било кој вид. Потребно е да се почитува секој човек, секоја култура и религија. Во демократското опкружување потребно е секој да има свое место во општеството..
Со овој оркестар сакам да направам едниствен европски ромски музички стил кој во моментот не постои во Европа. Ромската музика е поделена по региони и има свој сопствен стил, на пример како што е вна Балканот, во Франција или пак Шпанија„
Link: https://phralipen.hr/2019/01/24/romska-glazba-koju-europljani-mogu-razumjeti-a-romi-osjecati-svoju/