Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето се реализираа во средното училиште „Шаип Јусуф“ и во основните „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26-ти Јули“.
На овој начин, велат од Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, со проектот „За поздрав и поурбан живот на Ромите“ се зголемува достапноста на податоци и факти за поврзаноста на климатските промени, здравата околина и свеста и мобилизираноста на учениците и наставниците за спроведување на практични мерки поврзани со климатските промени.
Исто така, лицата кои имаат успешна животна приказна со собирање и селектирање отпад, ја споделуваа својата сторија со жителите на Ќерамидница, Шуто Оризари, Кванташки пазар, Злокуќани, Топанско Поле и Ѓорче Петров