Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето.
Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени.
Постапките за чистење на дивите депонии треба да се предводат од општините на чии територии спаѓаат депониите, но тие немаат средства. Премиерот изјави дека средствата во вредност од 200 милиони денари, кои биле предвидени за чистење на дивите депонии на државно ниво, веќе се потрошени. Затоа, тој рече дека е потребно да се обезбедат дополнителни средства.