Тимот на СДСМ предводен од претседателот, Зоран Заев, денеска оствари средби со граѓаните на општината Шуто Оризари.
Претседателот Зев поразговара со граѓаните на пазарот и по улиците на Шуто Оризари. Од нив слушна дека немаат пари, немаат работа и затоа се интересираат дали може нешто да се промени во нивниот живот. По цел ден сме на пазарот, но луѓето се помалку купуваат. Исплашени сме за својата идниниа и егзистенција, незнаеме како ќе биде утре, коментираа загрижените граѓани на Шуто Оризари.
Преседателот Зоран Заев им порача дека СДСМ има мерки со кои ќе се подобри животниот стандард. Повратото на ДДВ, државната социјална пензија, правичен данок, мерки за задржување на младите во земјата, наместо да бараат азил надвор од државата, тоа се целите на Програмата на СДСМ, објасбуванше претседателот Зоран Заев.