Општина Шуто Оризари ја поддржува ,,Кампањата за намалување на нередовно посетување на настава на учениците” на О. У. ,, Браќа Рамиз и Хамид ”, на територија на општина Шуто Оризари.
На вчерашниот состанок помеѓу претставниците од локалната самоуправа, образовните медијатори и наставниците, беше дискутирано за наодите од терен, добиени со спроведување на анкетните прашалници во врска во горенаведената кампања.
Врз основа на досегашните искуства ставот на граѓаните е дека потребно е превземање на санкции, и организарање на семинари, екскурзии со цел намалување на трендот на одливот на ученици во основното образование.
Исто така, беше напоменато дека треба да се подобри комуникацијата и кординацијата меѓу двете училишта на територија на општина Шуто Оризари.
На крајот од состанокот присустните биле поканети на презентација на инструментите за интеркултурна интеграција.