Советот на Општина Шуто Оризари донесе Одлука за отворање на полициско одделение и Одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на Полициско одделение на МВР.
Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение.
Согласно Член 2 од Одлуката на отворање на полициско одделение, работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување- спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела.
На Министерството за внатрешни работи на Р. Северна Македонија, му се отстапува без надоместок во владение просториите кои се во сопственост на општина Шуто Оризари лоцирани на ул. Нов Живот бб за вршење на работи од областа на јавната безбедност.