По инцидентот кој се случи во понеделникот приквечер во Шутка кога се случи настанот, некој како да сака да ги „предимензионира„ состојбите. Затоа и инстутуциите потребно е да поведат повеќе грижа во врска со тој немил настан. Комплексноста на Шутка е во тоа што таму живеат со децении освен Роми и мешовито население каде поголем број и Албанци.
Никогаш во минатото немаше некое сериозно нарушување на соживотот. Тие потребно е и понатаму да живеат заедно.
Но некој како да сака да го наруши тој начин на функционирање.
Сега Ромите покрај стравот од гласините во врска со киданпирањата , сега се обременети и со тоа дека „другата страна„ - Албанците ги гледаат како и виновници затоа што по некоја случајност нападнатите лица биле Албанци од Долно Балце!
Мора да е јасно едно немилиот настан кој се случи нема никаква врска и логика на искажување на нетрпеливост кон Албанците!
Тие потребно е сега да ги „оладат главите и емоциите„ и да резонираат разумно. Не е потребно ниту од страна на некои медиуми (нарочито албански како пример весникот „Лајм„) да ставаат сол на таа рана.
Знаеме сите колку е кревок во Македонија соживотот посебно во етничко мешани населени места. Затоа е потребно и државата да поведе малку грижа за односот на медиумите кон овој и слични нему настани, на кој се опишува настанот, и на кого од страна на некои погоре насочениот медиум -„Лајм„ сензационално да ги профилира притворените лица за тој немил настан, се во конотација и на некакво генерализирање на тие состојби.
Се може да се разреши и да се разјасни секое недоразбирање како преку институциите за правда така и во согледување на вистинските и реалните состојби, а не на некои „валкани квалификации и пропаганди„
Инаку според МВР во случајот во Шуто Оризари поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Ѓ. Д. (44), Е.З. (31), У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите од Скопје, и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Е. З. (41) и А.З.(41) вработени во МВР, кои не биле на работа, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.