Освен покачување на цената на струјата во високата тарифа во три од четирите блока, првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, објави дека од следниот месец за 0,65 проценти ќе се покачи и цената на евтината тарифа
За домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во првиот блок нема да има промена на цената на струјата од следниот месец. Во вториот блок цената на струјата ќе се зголеми за 0,85 проценти, во третиот блок цената ќе се покачи за 1,92 проценти, а во четвртиот блок за 1,88 проценти. Освен покачување на цената на струјата во високата тарифа, првиот човек на Регулаторната комисија објави дека од следниот месец за 0,65 проценти ќе се покачи и цената на евтината тарифа.