Четири лица од Ромска националност загинаа во пожар во Бар, во ромската нефрмална населба под ридот Волујица.
Меѓу жртвите има и деветнаесетгодишно девојче, две малолетни и една жена, велат за „Вијести“ од Црвениот крст и полицијата.
Неофицијално за „Вијести“ од полицијата е потврдено дека едно лице е повредено и се здобило со полесни изгореници.
Се уште не се познати причините за пожарот кој избувна во раните утрински часови.
Неофицијално се претпоставува дека причина за пожарот е шпорет на дрва.По давањето на наод од експертот за мислење за пожари и експлозии ќе се знае точната причина“, рече таа, пренесе Медиабиро. „Не ме чуди, само чекавме да се случи вакво нешто затоа што никој не се грижи за Ромите во Бар, прашање беше само колкава ќе биде штетата“, изјави Љиљана Вујовиќ од НВУ Жене Бар, која е во постојан контакт со семејствата на починатата, кои ги посетила.
Црвениот крст е на терен и им носи храна и помош на семејствата на настраданите. Супермаркет донираше намирници, сендвичи, вода, сокови и слатки, кои полицајците им ги поделиле на оние на кои им била потребна помош.
„Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живее ромско население. Пожарот зафатил неколку импровизирани живеалишта. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела“, велат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.
Video: