Проекциите на Државниот завод за статистика за населението во Македонија до 2070 година се многу негативни. Статистичарите со оваа проекција се обидуваат да апелираат до надлежните и да се носат стратегии базирани на податоци. Иселувањето е клучно за демографската иднина.
Ако вака се продолжи, до 2070 Македонија ќе има 1,25 милиони население.
„Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба доколку не се интервенира со соодветни решенија“, велат од Државниот завод за статистика чии податоци покажуваат дека годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата. Освен со иселувањето, Македонија има проблем и со низок наталитет.
Статистичарите сметаат дека Македонија ќе треба да увезува работна сила, а најдоброто сценарио за излез од ваквата ситуација е интеграцијата во Европската Унија.
Овие пресметки се прават според податоците од Пописот во 2021 година.