Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје на социјалните мрежи објави дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и тие од денеска повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на Скопје.
Од утрово приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси.