Откако Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека во две училишта Штип и Битола се врши сегрегација, општината Штип повторно прави обиди да не се формираат чисти ромски паралелки во ООУ„Гоце Делчев. Се прави нова реонизација, со што децата од ромската заедница според адресата на живеење нема да се запишуваат во ова училиште, туку и во останатите кон кои гравитираат.
Судот во Стразбур констатирал дека дискриминација има, но не е по вина на училиштетот и општината. Се наведува дека причина е разликата во соодносот на ученици, односно 60 % од новозапишаните ученици се ромчиња. Дел од родителите Роми доцнат и со запишување на децата во прво одделение. Во септември веќе се формирани паралелките и единствено што останува новозпишаните ученици да завршат кај иста наставничка.
Лани дел од родителите кои според адресата на живеење требаше да ги запишат децата во училиштето Гоце Делчев ги менуваа и личните карти, односно се префрлаа дека живеат на други адреси. Семејствата кои ја покренаа тужбата за сегрегација во Штип и Битола по пресудата во Стразбур од државата треба да добијат вкупно 45.600 евра.